Што се SIP панели?
Зошто се повеќе луѓе се одлучуваат за ваков тип на градби?
Структурните изолирани панели (SIP – Structural insulated panels), преставуваат вид на градежен систем, кој се карактеризира со висок степен на перформанси за станбена и лесна комерцијална градба. Панелите се состојат од изолационо јадро од пена сместено помеѓу две структурни облоги.
Sip – Панелите се градежен материјал кој во последните години интезивно и се повеќе се користи во изградбата на објекти од различен тип, токму поради големиот број на предности во однос на традиционалните градежни материјали, некои позначајни предности се :
– висок степен на цврстина и топлотни перформанси – објектите градени од овој тип на материјали за неколку пати се потопли во зимскиот период и посвежи во летниот период, во однос на објектите градени од ѕиадрки тули.
– висок степен на звучна изолација – сендвич панелите наполнети со полиуретанска пена, може да апсорбираат звучни вибрации повеќе од 70 db (децибели).
– голема енергетска ефикасност, ја задржува топлината, не абсорбира влага и пропустливост на пареа.
– брза изработка и лесна вградливост,
– исплатливост.